Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие.
Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП „Водовод“.
Од средбата се произлезени заклучоци за брза реакција и вложување максимални напори за подобрување на состојбите од секој аспект, особено во делот на хигиената на јавните површини.
Наскоро „Водовод“ ќе добие директор што ќе менаџира за поефикасно и ефективно работење на комуналното претпријатие.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
