КАБЛИТЕ ДО КАНДЕЛАБРИТЕ ПРЕСЕЧНИ, ОЧИГЛЕДНО НЕКОЈ СОБИРА БАКАР

ноември 18, 2025
0 минути

Во саботата по иницијатива на наши сограѓани инаку наши читатели објавивме  текст со наслов „Канделабрите  покрај „Кочанска река“ потонаа во мрак“. Денес добивме дел одговорот за причините зошто канделабрите не светат.

Како што ни јавува наш читател денес забележал некои работни активности токму во близина на канделабрите. Направил фотографии по што јасно се гледа причината зошто истите не светат.

Некој, по се изгледа  „колекционер“на бакар ги пресекол, однел дел од тоа што сметал дека ќе му притреба а зад себе оставил пустош.

Кој се собира бакар во Општина Кочани и врапчињата знаат, само што истите тие се заштитени од секого. Иако надлежните неколкупати пронаоѓале бакар сепак речиси се после тоа останало по старо.

До кога?

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ