ЕДНИ ГИ РАСЧИСТУВААТ ДЕПОНИИТЕ, ДРУГИ ПОВТОРНО ГИ СОЗДАВААТ

ноември 17, 2023
0 минути

И десет фирми да има општината како КЈП „Водовод“ – Кочани, и секој викенд еколошки друштва да ги чистат дивите депонии несовесноста кај поединци повторно ќе победи.

Деновиве пишувавме за расчистување на диви депонии во општината, но луѓето без совест и морал преку ноќ нови создаваат.

Оваа дива депонија е кај платото до железничката станица каде имаше предлог да се прави паркинг простор.

Таа не е од одамна, таа е за краток период создадена бидејќи овде е пазарот, трговските дуќани а богами и жители од околните семејни куќи.

Кој и како ја создал најмалку е битно, но факт е дека додека едни ги расчистуваат депониите, други преку ноќ нови создаваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ