ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ НА РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КОЧАНИ

ноември 19, 2025
0 минути

Денеска директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата градоначалникот се запозна со состојбата со бројот на ученици и со ангажираниот наставен кадар и со одвивањето на наставата во учебната 2025/2026 година. По изнесените состојби од директорите се заклучи дека нема пречки за непречено одвивање на наставата во шесте основни и двете средни училишта.

Се дискутираше и за можностите за започнување постапка за измена на актуелната реонизација на училиштата за новата учебна година, во соработка со Советот на Општина Кочани.

На средбата се дискутираше за потребите на училиштата, за можната реализација на инфраструктурни проекти од страна на Општината и МОН, како и за други можности за нивно финансирање. Се заклучи дека нема пречки  во превозот на ученици, но и дека се користат многу средства, па да се бара начин како да се набават училишни автобуси за таа намена.

Директорите информираа дека сите училишни објекти се затоплени, но има проблеми во инсталациската мрежа и парните котли, а побараа начин за обезбедување греење во салата во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари. На крај се разгледуваше можноста за начинот за бесплатно користење на спортските сали за спортските клубови од Кочани.

„За мене како градоначалник, образованието како и активностите на училиштата се особено важни во мојата работа, наставата да се реализира без пречки, но и  да работиме согласно законот и насоките од Министерството за образование и наука, затоа во интерес на тоа почесто ќе реализираме вакви средби за информирање и координација“ истакна на средбата со директорите градоначалникот Грозданов.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ