Се одиграа натпреварите од 14-тото, последно есенско коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Екипата на Кочани му беше домаќин на „Вардар“кој на табелата беше со бод предност пред кочанчанки.
Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски одиграа храбро, се бореа за секоја топка но неискуството си го стори своето, загубија и останаа на последното место на табелата со ист број на бодови како и „Топ Гол“ од Битола со кого и пролетта ќе се бие битка за претпоследното место кое носи бараж натпревар со второпласираната екипа од Втора Фудбалска Лига за жени.
Девојчињата од Скопје први го отворија резултатот а стрелец на погодокот беше Наумовска во 32’. До крајот на полувремето домаќинките го изедначија резултатот преку ветеранот Милеска во 40’. Во второто полувреме по тешкиот терен се водеше битка за секоја топка. Гостинките подобро се снајдоа и со вториот гол на Наумовска во 68’ дојдоа до три големи бода.
Резултати од 14-тото коло:
Кочани – Вардар 1:2
Скопје 2014 – Љуботен 1:0
Каменица Саса – Истатов 1:2
Топ Гол – Ас Јунајтед 1:3
Брера Тиверија – Речица 4:0

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
