Ознака: жфк кочани

ТРИ  ДЕВОЈЧИЊА  ОД  ЖФК  „КОЧАНИ“  СО  РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА  У-15 НА  РАЗВОЕН  ТУРНИР  ВО  ЦРНА  ГОРА

ТРИ ДЕВОЈЧИЊА ОД ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-15 НА РАЗВОЕН ТУРНИР ВО ЦРНА ГОРА

Во периодот од 07.06.2024 до 15.06.2024 година во Подгорица (Црна Гора) се одржува УЕФА развоен турнир (У-15) за девојчиња родени 2009 и 2010 год. Како резултат на добрите игри и прикажани резултати, селекторот на У-15 репрезентацијата на Македонија, Јовица Блажевски, од ЖФК „Кочани “-Кочани ги повика Нина Манасиева (2010),Лина Мицовска (2010) и Ванеса Давиткова (2010)….

НИНА  МАНАСИЕВА  И  ЛИНА  МИЦОВСКА  НА  ПОДГОТОВКИ  СО  РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА  ПРЕД  РАЗВОЈНИОТ  ТУРНИР

НИНА МАНАСИЕВА И ЛИНА МИЦОВСКА НА ПОДГОТОВКИ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ПРЕД РАЗВОЈНИОТ ТУРНИР

Нина Манасиева (2010) и Лина Мицовска (2010) членки на ЖФК „Кочани“ – Кочани, се на подготовки со Репрезентацијата на Македонија У-15 во пресрет на Развојниот турнир. Подготовките кои започнаа на 13. Мај во Дојран и ќе траат до 17. Мај ќе бидат искористени девојчињата што подобро да се подготват за настапот на Развојниот турнир кој…

МЕЃУНАРОДЕН  ФУДБАЛСКИ  НАТПРЕВАР  –  ЖФК  „КОЧАНИ“  ГО  СОВЛАДА  „КАРАКАЧ  АРДА  СПОР“

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР – ЖФК „КОЧАНИ“ ГО СОВЛАДА „КАРАКАЧ АРДА СПОР“

Требаше да поминат шест години па ЖФК „Кочани“ да одигра Меѓународен пријателски фудбалски натпревар. Денес девојкината на тренерот Оливер Јовановски на Градскиот стадион во Валандово ја совладаа екипата на „Каракач Арда Спор“ од Едрење (Република Турција) со 3:0 (2:0). Стрелци на головите за кочанчанки беа Нина Манасиева (2) и засилувањето за овој натпревар Кате Милеска…

ВО  САБОТА  МЕЃУНАРОДЕН  ФУДБАЛСКИ  НАТПРЕВАР  ЗА  ЖФК  „КОЧАНИ“

ВО САБОТА МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ЗА ЖФК „КОЧАНИ“

Во Сабота на „Градскиот стадион“ во Валандово со почеток во 11:00 часот ЖФК „Кочани“ ќе одигра меѓународен фудбалски натпревар со екипата на „Каракач Арда Спор“  од Едрене (Република Турција). Гостите од пријателска Турција во Валандово ќе гостуваат со што ќе им возвраќаат на Валандовчанки за нивната посета во месец Март о.г. во Едрене. Екипата на…

ДЕВОЈЧИЊАТА  НА  ЖФК  „КОЧАНИ“  МУ  ОТКИНАА  ДВА  БОДА  НА  ЛИДЕРОТ  ЖФК  „СКОПЈЕ  2014“

ДЕВОЈЧИЊАТА НА ЖФК „КОЧАНИ“ МУ ОТКИНАА ДВА БОДА НА ЛИДЕРОТ ЖФК „СКОПЈЕ 2014“

Девојчињата на ЖФК „Кочани“ како домаќини одиграа 1:1 со лидерот на табелата ЖФК „Скопје 2014“ во рамките на десеттото коло од Македонската Кадетска Фудбалска Лига за девојчиња. Дека ова е голем бод за девојчињата од Кочани сведочи податокот што во изминатите девет кола „Скопје 2014“ имаше забележано исто толку победи . Стрелец на голот за…

ЖФК  „КОЧАНИ“  ЕСЕНСКИОТ  ДЕЛ  ОД  ПРВЕНСТВОТО  ГО  ЗАВРШИЈА  НА  ТРЕТОТО  МЕСТО

ЖФК „КОЧАНИ“ ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО ГО ЗАВРШИЈА НА ТРЕТОТО МЕСТО

Со одигрувањето на натпреварите од 7-мото коло заврши есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига за жени. Со 13 освоениi бода од седум натпревари младата екипа на Кочани го зазеде третото место. Кочанчанки во последното есенско коло и гостуваа на екипата на „Плачковица“ а конечниот резултат одлучуваше која екипа ќе биде на третата позиција….

ВРОРА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  ЗА  ЖЕНИ,  КОЧАНЧАНКИ  ПРВИ  ЈА  ЗАТРЕСОА  МРЕЖАТА  НА  ЛИДЕРОТ  „АТЛЕТИКО“

ВРОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ ПРВИ ЈА ЗАТРЕСОА МРЕЖАТА НА ЛИДЕРОТ „АТЛЕТИКО“

Се одиграа натпреварите од 6-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Во Кочани, лидерот на таблата „Атлетико“ без поголеми проблеми славеше против домашното „Кочани“ со резултат 10:1 (7:1). Предводени од одличната Милица Димитриоска Мелиса гостите покажаа дека освен „Вардар“ немаат друг конкурент во овој ранг на натпреварување. Единствена сатисфакција на кочаначанки е што во…

ВТОРА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  ЗА  ЖЕНИ,  ПРВ  ПОРАЗ  ЗА  КОЧАНЧАНКИ

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПРВ ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ

Се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки го доживеаја првиот пораз, „Победа Валандово 16“ стигна до првата победа а екипата на „Атлетико“ и после ова коло останува единствената екипа без ниту еден примен гол. Во Кочани интересен натпревар одиграа две од трите непоразени екипи. Во мошне интересен натпревар екипата…

ВТОРА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  ЗА  ЖЕНИ,  КОЧАНЧАНКИ  СО  НОВИ  ТРИ  БОДА СЕ  ВРАЌААТ  ДОМА

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО НОВИ ТРИ БОДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА

Девојчињата на „Кочани“  со нови три бода освоени во Велес се враќаат дома. Четата на тренерот Оливер Јовановски и после четвртото коло останува на делба на првото место со максимален број на освоени бодови. Во натпревар на некогашните шампиони во Велес „Кочани“ со головите на Андреа Донева 12’ 69’, Симона Веселинова 15’, Јасна Златкова 29’,…

ЖФК  „КОЧАНИ“  ТРИ  КОЛА,  ТРИ  ПОБЕДИ

ЖФК „КОЧАНИ“ ТРИ КОЛА, ТРИ ПОБЕДИ

ЖФК „Кочани“  продолжи да реди победи. И во третото коло забележа победа и сега со максимален број на бодови е на делба од првото до третото место. Кочанчанки во ова коло со головите на Андреа Донева 4’37’42’, Симона Веселинова 52’, Ангела Стојменова 67’ и Глорија Стојмилова 73’ ја совладаа екипата на „Билјанини извори“ со 6:2…