ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА РОМИ ВО ЈОУ ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ

ноември 25, 2025
0 минути

Вчера, во Клубот на пратеници – Скопје се потпиша договор за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.

Со овој договор, во Детската градинка „Павлина Велјанова“, во учебната 2025/26 година ќе бидат згрижени деца Роми, од 3 до 6 години  во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“.

Општина Кочани стои цврсто зад вредностите на еднаквост, инклузија и достоинство.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ