СРЕДБА НА АМБАСАДОРОТ НА ЕУ МИХАЛИС РОКАС СО СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

ноември 27, 2025
0 минути

Денеска, Советот на Општина Кочани оствари продуктивна средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н. Е. Михалис Рокас.

Претседателот на Советот Александар Андов истакна дека била реализирана конструктивна средба на која произлегле бројни идеи и предлози за развој на нашата Општина во области како животна средина, спорт, култура…

Членовите на Советот на Општина Кочани кои присуствувале дале свои согледувања и предлози, а амбасадорот Рокас одговарал на секое поставено прашање.

Претседателот Андов упати голема благодарност до амбасадорот Рокас за честа и за можноста за отворен дијалог и соработка, со надеж за продолжување на соработката во интерес на подобра иднина на Кочани.

Опшѕина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ