АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГО ПОСЕТИ САПОРТ КОЧАНИ

декември 3, 2025
0 минути

Амбасадорот на Шведска во Република Македонија Ола Сулстром престојуваше во работна посета на Кочани. Освен што ја посети Локалната самоуправа – Кочани, амбасадорот беше во посета и во Сапорт Кочани.

Како што истакнаа од Сапорт Кочани за време на средбата се разговарало на повеќе теми.

Освен за моменталната состојба во Кочани разговори се воделе и за импактот на Сапорт Кочани како и за други идеи.

Двете страни ја истакнале можноста за понатамошна соработка на Сапорт Кочани и Амбасадата на Шведска во Република Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ