На 20 јуни, во топла, пријателска и семејна атмосфера, го одбележавме примопредавањето на претседателската функција во Ротари клуб Кочани–Виница. Со благодарност за сработеното, Влатко Тасев му ја предаде претседателската должност на Владимир Павлов, отворајќи ново поглавје исполнето со идеи, енергија и уште поголема посветеност на заедницата.

Особена чест ни беше присуството на координаторот на Ротари клубовите во Македонија, Митко демировски, како и на нашите драги пријатели од Ротари клубовите Штип и Струмица, чие присуство уште еднаш ја потврди силата на ротаријанското пријателство.

Вечерта беше можност да им оддадеме искрена почит на луѓето кои со својата работа, посветеност и несебична служба оставија длабока трага во нашиот клуб. Специјални признанија им беа врачени на Сашко Андонов и на нашиот најдолгогодишен член Благој Ситновски.

Со голема гордост беа доделени и престижните Paul Harris Fellow признанија на Влатко Тасев и кирил Шуперлиски– признание за луѓе кои со своите дела ги живеат ротаријанските вредности и инспирираат други да служат.
Во ротаријанската 2026–2027 година ќе чекориме водени од мотото: Create Lasting Impact

Тоа не е само порака – тоа е наша обврска. Да создаваме проекти што менуваат животи, да градиме силни партнерства, да служиме со срце и да оставиме трајно позитивно влијание во секоја заедница до која ќе допреме.

Заедно продолжуваме да докажуваме дека кога добрите луѓе се обединети околу заедничка цел, секоја идеја може да стане дело, а секое дело – трајно наследство.
Им посакуваме успешна и инспиративна ротаријанска година на сите членови на Ротари клуб Кочани–Виница!

Ротари клуб Кочани–Виница
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
