Комуналните екипи на КЈП „Водовод“ спроведоа брза акција за отстранување на поголема количина отпад под потпорниот ѕид на булеварот „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица. Со навремената интервенција беше исчистен просторот кој често е изложен на несоодветно исфрлање смет.

Покрај тоа, службите работеа и на уредување на влезниот дел од Градската капела, каде што беше собран отпадот и паднатите лисја, со што просторот е во уредна состојба.

Активностите се дел од тековните напори за одржување на јавната чистота и поквалитетна животна средина во Кочани.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
