Во последно време граѓани се почесто не информираат дека се сведоци на напад од страна на кучињата скитници. Некогаш во „Паркот на Револуцијата“, некогаш покрај кејот на реката, па во Трговскиот центар, кај автобуската, на пазарот и така со ред, каде ќе забележат напад од кучиња скитници информираат, но за жал без фотографија која може да послужи како доказен материјал.
Денес бевме сведоци на напад на четири кучиња скитници врз две наши сограѓанки во близина на поштата. Додека одеа кон поштата кучињата ги обиколија и почнаа агресивно да се донесуваат. Добро е што некои од минувачите ги отераа на страна.
И додека на пријателите им ја покажувавме фотографијата добивме информација дека неколку кучиња му се нафрлиле на дете во нивна непосредна близина во Трговскиот центар.
Време е надлежните да го решат овој проблем, кучиња скитници има се повеќе одат во група особено на фреквентните места па лесно може да се случи некој да настрада.
И ако дојде до напад и некој да настрада потоа залудно е да дебатираме кој бил виновен за тоа кога последиците ќе ги има оштетеното лице.
Затоа, отворете си ги очите додека е време, решете го проблемот со кучињата скитници за да утре не биде веќе доцна.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
