СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ПРЕСКЕР НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ

декември 15, 2025
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.

Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот.

Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста Словенија да помага за различни приоритети на Кочани.

Оваа средба претставува значаен момент во градењето на идната соработка и зајакнувањето на пријателските односи на Кочани со Република Словенија.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ