„Разговаравме за состојбата на културата на локално ниво и добивме целосна поддршка од Министерството и министерот Љутков за решавање на актуелни проблеми и потреби во оваа сфера“ соопшти градоначалникот Грозданов.

Како поддршка на Кочани во периодот по трагедијата, Министерството за култура издвои износ од 2 милиона денари за идејно решение за спомен-обележјето за починатите во трагичниот пожар.

Министерот и градоначалникот ја посетија локацијата каде што се очекува да се гради спомен-обележјето. Тие го посетија и Центарот за култура „Бели мугри“, разговараа за можноста да се приспособи простор за Музеј на македонската рок-музика и за можни реконструкции во објектот.

Министерот Љутков ја нагласи целосната поддршка, отвореност и подготвеност за соработка со Кочани.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
