Денеска, во Инфо-центарот на Пониква, градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, одржаа работен состанок на кој се разгледуваа прашања од јавен интерес поврзани со искористувањето и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква.
Во фокусот на разговорите беа природните ресурси со кои располага Пониква што ја прават особено погодна за развој на зимски и планински туризам. Посебен акцент беше ставен на ски-потенцијалите, како еден од клучните сегменти за привлекување туристи во зимскиот период и за продолжување на туристичката сезона.
Состанокот има за цел подигнување на меѓуопштинската соработка на повисоко ниво, преку координиран пристап кон трајно и одржливо решавање на прашањата поврзани со развојот на Пониква. Во таа насока, градоначалниците истакнаа дека заедничкото дејствување ќе овозможи инвестиции во неопходната инфраструктура, подобрување на пристапноста и создавање услови за реализација на капитални проекти.
Двајцата градоначалници ја нагласија подготвеноста за заеднички настапи пред домашните и меѓународните фондови, со цел да се обезбедат финансиски средства за проекти што ќе придонесат за целосно валоризирање на природните потенцијали на Пониква и нејзино позиционирање како значајна туристичка дестинација во регионот.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
