ЈАВЕН ПОВИК ЗА МАРШ НА АНГЕЛИТЕ

јануари 22, 2026
1 минути

Јавно реагираме на постапките поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ на 16.03.2025 година. Наместо институциите да ја утврдат одговорноста таму каде што реално лежи, фокусот неоправдано се насочува кон млади лица кои сами биле изложени на опасност.

Јавноста јасно укажува дека реакциите на дел од младите по настанот биле последица на шок, траума и силно чувство на неправда – а не свесно или намерно делување. Многу граѓани сметаат дека тој така-наречен трагичен настан е резултат на сериозни пропусти, толерирање ризици и можна коруптивна заштита што му овозможиле на објектот да работи без основни стандарди за безбедност.

-Човечкиот живот не може и не смее да се стави пред материјална штета.

-Безбедноста и животот на секое дете таму биле загрозени многу пред револтот.

Затоа, доминантниот граѓански став е дека токму причините за трагедијата и институционалните пропусти мора да бидат во центарот на истрагата – а не младите кои беа директни жртви на таа небезбедност.

Порака до институциите

-Бараме непристрасно, стручно и одговорно постапување – без селективна правда.

-Бараме утврдување на одговорноста на сите што биле должни да обезбедат безбедност во објектот.

-Бараме итно запирање на неправедното насочување вина кон младите, кои беа изложени на ризик, а не причинители.

Здружение на граѓани 16ти март 2025

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ