Со особена чест и задоволство, Ротари клуб Кочани-Виница беше домаќин на гувернерот на Ротари Словенија и Северна Македонија, Матијаж Новак, кој оствари официјална посета на нашиот клуб.
На посетата присуствуваа и претседателот на Сојузот на Ротари клубовите во Македонија – Милош Радуловиќ.

Гостите беа топло пречекани од претседателот Влатко Тасев и членовите на клубот, а средбата помина во пријатна, пријателска и работна атмосфера.

Во рамки на посетата, беа презентирани досегашните активности и успешно реализираните проекти на клубот, како и визијата и плановите за идните проекти со кои Ротари клуб Кочани-Виница ќе продолжи активно да придонесува за благосостојбата на локалната заедница.

На состанокот свечено беа претставени новите членови на Ротаракт и Интеркaт, при што им беа врачени ротариски значки како симбол на припадност, одговорност и посветеност кон ротариските вредности.
Нека им е со среќа и успешен ротаријански пат на новите членови!

Претседателот на нашиот клуб им врачи подароци и благодарница на Милош Радуловиќ за неговиот личен придонес, како и за поддршката што Сојузот на Ротари клубовите во Македонија ја дава на нашиот клуб.
Посетата претставува силен мотив и дополнителен поттик за сите членови на клубот да продолжат со хумана, одговорна и посветена работа во духот на мотото Service Above Self.

Искрена благодарност до сите гости за поддршката, охрабрувачките пораки и инспиративната средба.
Ротари клуб Кочани-Виница упатува искрена благодарност до Хотел Sity IN– Кочани за поддршката и гостопримството за време на официјалната посета.

Ротари клуб Кочани-Виница
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
