АМБАСАДОРОТ НА ПОЛСКА МАРИУШ БРИМОРА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

јануари 29, 2026
0 минути

Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримора, денеска ја посети Општина Кочани, при што оствари официјална средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби и развојните потенцијали на Кочани, како и можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Кочани и институции, организации и компании од Република Полска. Посебен акцент беше ставен на локалниот економски развој, инвестициите, образованието и искористувањето на европските фондови.

Градоначалникот Грозданов го информираше амбасадорот Бримора за тековните проекти и приоритетите на локалната самоуправа, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката и воспоставување конкретни партнерства од заемен интерес.

Амбасадорот Бримора ја истакна поддршката на Полска за развојот на локалните заедници и ја нагласи важноста на јакнењето на билатералните односи преку конкретни иницијативи на локално ниво.

Средбата заврши со заедничка оценка дека постои простор за идна соработка и реализација на заеднички проекти во повеќе области од значење за граѓаните на Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ