Црвен крст на Р.С . Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше првата крводарителска акција за 2026 година на која се собраа 47 крвни единици.

Акцијата се спроведе во соработка со екипа на Институтот за трансфузиона медицина – Штип во просториите на Црвен крст Кочани.

„Годинава според Годишниот план за реализација на крводарителски акции предвидено е да се реализираат 20 крводарителски акции, 12 редовни во просториите на Црвен крст Кочани, 3 во Одделението за внатрешни работи Кочани, 2 младински крводарителски акциии, една граѓанска – седмосептемвриска акција, една со компанијата „Руен Инокс Автомобиле“. Во план е да се споведат и други акции со компании од приватниот сектор. Благодариме на сите крводарители кои се вклучуваат во нашите акции и придонесуваат за обезбедување на доволно количество на крв и крвни резерви“, соопштија од Црвен крст Кочани.

На акцијата крв даруваа 11 лица до 30 годишна возраст и еден првократен крводарител. Во 2025 година на локално ниво собрани се вкупно 1037 крвни единици.

Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
