Општина Кочани спроведува градежни интервенции на повеќе раскопани и тешко проодни делови од сообраќајници и тротоари во градот, со цел да се подобрат условите за движење и безбедноста и на граѓаните.

Бетонирани се оштетени делови на улиците „Иван Иванов-Балашо“, „Крум Вранински“, „Мородвиска епископија“ и „Вера Которка“, каде што поради претходни интервенции и временски влијанија беше отежнато нормалното одвивање на сообраќајот и пешачкото движење.

Општинските служби најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, согласно утврдената динамика и приоритетите на терен. Паралелно со поправките на улиците и тротоарите, ќе се работи и на прочистување на решетките за атмосферска канализација, заради подобро одведување на дождовните води и за превенција од задржување вода на коловозите.

Општина Кочани апелира до граѓаните за разбирање и внимателност во зоните каде што се изведуваат градежни активности, сè до нивното целосно завршување.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
