МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ НА ПОНИКВА, ГИ ПОСЕТИ ДЕЦАТА И СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ

јануари 31, 2026
0 минути

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на денешниот ден беше на Пониква каде во доморалиштето на МВР оствари средба со децата и семејствата на загинатите бранители. На традиционалниот заеднички ручек тие разховараа на повеќе теми.

„Денеска го посетив зимското одморалиште на МВР на Пониква, место кое во овој период традиционално престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината.

Таа жртва не смее и нема да биде заборавена. Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме“ рече по посетата министерот Панче Тошковски.

Соопштение на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ