ДПД Кочани од денес е побогато за уште едно противпожарно возило.
Возилото пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од нашите колеги од ДПД Унтершлајсхајм, на кои им упатуваме искрена и голема благодарност.
ДПД Кочани во целост ги презеде трошоците за транспорт, како и обврската за плаќање на данок и царински давачки кон државата. Ова е седмо возило во возниот парк на ДПД Кочани.

Станува збор за противпожарно возило марка Mercedes-Benz – автоцистерна со капацитет од 5.000 литри вода и погон на сите шест тркала (6×6), што го прави исклучително соодветно за интервенции при пожари на отворен простор и шумски пожари. Со ова возило, ДПД Кочани значително ги зголемува своите оперативни капацитети, како и ефикасноста и брзината на интервенција на терен.
Традиционално, новото возило беше свечено пречекано од останатите возила од возниот парк со воден мост.
Сакаме да упатиме благодарност и до нашите сега веќе братски друштва: ДВД Борово од Хрватска, како и ДВД Стапар и ДВД Мраморак од Србија, и до нивните членови, кои имаат огромен придонес во целата оваа организација.
Благодариме на поддршката, солидарноста и пријателството!
За побезбедно Кочани!

ДПД Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
