Ознака: дпд кочани
СЕ ОДРЖА ПОКАЗНА ВЕЖБА „ИСТОЧЕН ШТИТ“ ПОД МОТОТО „ЗАЕДНО ПРОТИВ ОГНОТ“
Денес ДПД Кочани беше дел од показната вежба „Источен штит“, под мотото „Заедно против огнот“, каде што седум доброволни противпожарни друштва заедно со територијалните единици од Штип и Радовиш демонстрираа гасење на шумски пожар. Вежбата се одржа на местото викано Суитлак во Штип, во организација на ТППЕ Штип и ДПД Штип, со поддршка на Општина…
СЕДМО МЕСТО ЗА ДПД – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „MARCANA FIRE 2026“
Со големо задоволство споделуваме дека ДПД Кочани зема учество на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, во организација на DVD Općine Marčana. Во силна конкуренција од 15 екипи, нашата екипа го освои одличното 7. место Голема благодарност до организаторите за беспрекорната организација и гостопримството! Ваквите настани не се само натпревари – тие се можност за…
ДА ГО ЗАЈАКНЕМЕ ДПД КОЧАНИ – ЗАЕДНО ПРОТИВ ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ!
Почитувани граѓани, Соочени сме со сè почести шумски пожари и пожари на отворено кои ја загрозуваат нашата безбедност, природата и иднината на Кочани. За да бидеме поефикасни и побрзи во интервенциите, ни е потребно **ново пикап возило** специјално наменето за гасење пожари. Со набавката на ова возило: – Ќе ги зголемиме нашите капацитети за брза…
НОВО ВОЗИЛО ВО ВОЗНИОТ ПАРК НА ДПД КОЧАНИ
ДПД Кочани од денес е побогато за уште едно противпожарно возило. Возилото пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од нашите колеги од ДПД Унтершлајсхајм, на кои им упатуваме искрена и голема благодарност. ДПД Кочани во целост ги презеде трошоците за транспорт, како и обврската за плаќање на данок и царински давачки кон државата….
НОВОГОДИШНА РАДОСТ СО ДПД КОЧАНИ
Членовите на ДПД Кочани, самоиницијативно и по повод новогодишните и божиќните празници, нашето мало пожарникарско возче го претворија во новогодишно вовче, а празничната магија ја надополни и Дедо Мраз, кој заедно со нас ги поздравуваше и израдува најмалите. Денес ги возевме дечињата покрај кочанската река, а нивните насмевки, радосни погледи и возбудени извици, како и…
ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО – КОЧАНИ: ЈАВНА ОБЈАВА
Доброволно противпожарно друштво Кочани по повод четиригодишнината од своето формирање организира МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ПРОТИВОПОЖАРНИ ИГРИ * 13 септември 2025 (сабота) * Спортски терени Бачалук – Кочани * Почеток: 10:00 часот На настанот ќе учествуваат екипи од: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија. Екипите ќе се натпреваруваат на четири различни полигони, а во рамки на манифестацијата…
ДПД „КОЧАНИ“ НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ОРГАНИЗИРАНА ОД РУСКИОТ ХУМАНИТАРЕН ЦЕНТАР ВО СРБИЈА
Седумчлена екипа од ДПД Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во организација на Рускиот хуманитрен центар во Србија и ДВД Стефан Синџелич од Ниш. Обуката се состоеше од три дела Прва помош, Спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода и Алпинистичко качување и спуштање со јаже. Голема…
