ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „16-ТИ МАРТ 2025 – КОЧАНИ“

февруари 9, 2026
1 минути

Ја добивме одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели, со вкупна површина од 1053 квадратни метри, кое е одобрено на бараната локација.

Ова за нас претставува голем и значаен чекор напред.

Во наредниот период продолжуваме со обезбедување на останатите потребни документи, како и со финансиска поддршка од фирми и од физички лица, но и преку спортски и хуманитарни настани кои веќе се одржаа, како и оние кои во иднина ќе се одржуваат со исклучиво хуманитарна цел.

Сите овие активности се насочени кон едно — спомен-обележјето што побрзо да се реализира и достоинствено да им се оддаде почит на 63-те жртви кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Изразуваме огромна благодарност до Советот на Општина Кочани, како и до граѓаните на Општина Кочани, за нивната максимална поддршка, солидарност и човечност во овие тешки моменти.

Се надеваме и веруваме дека „Патеката на бесконечноста“ ќе биде изградена во најкраток можен рок, како траен спомен, тивка болка и вечно сеќавање на оние кои прерано нè напуштија.

ЗГ „16-ти март 2025 – Кочани“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ