Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022-2027, нацрт план со технички број 0801-458/20 од февруари 2025г., со површина 69,12 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
Од исток: по оска на сервисна улица „Димитар Влахов“,
Од југ: по оска на сервисна улица „Димитар Влахов“ и осовина на железничка пруга Скопје – Кочани;
Од запад: по оска на сервисна улица „ Роза Петрова“
Од североисток: по оска на собирна улица „Страшо Ербапче“.
Јавната презентација по Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022-2027 нацрт план, ќе се одржи на ден 13.02.2026г. со почеток во 11 часот во салата во Мултикултурниот центар, Кочани.
Јавната анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани се спроведува до 04.03.2026 год., до кога заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови.
https://kocani.gov.mk/јавна-презентација-и-јавна-анкета-по-д-3/
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
