Оштетен терен од гуми на возило, и истурено улје на самиот терен е епилогот по вандалското однесување на поединци по синоќешното нивно лудување на фудбалскиот терен во село Горни Подлог.

Како што се уверивме на самото место, игралиштето кое со години го користи и одржува „Фудбал Старс“ – Кочани иако оградено главната врата е извадена од ментешињата и е влезено на теренот со возило за да алкохолот и дрогата што е во нив со бес ја исфрлат на тревникот.

Што им сметало па се решиле на ваков чин тие самите знаат, но терен кој го користат дечиња од најмалите категории кои наместо по кафулиња доаѓаат овде и тренираат и да некои невоспитани алкохоличари дојдат и го уништат е повеќе од несфатливо.
Но така е кога системот повеќе од три децении не функционира, туку секојдневно пука по сите шавови.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
