Како што не информираат, со Одлука на ОФС Кочани претстојните фудбалски натпревари што се на програмата овој викенд (14 и 15 Март) а се под покровителство на ОФС Кочани ќе започнат со минута молчење.
Одлуката се однесува и на натпреварите во Трета Фудбалска Лига – исток.
Со овој чин сите екипи ќе одадат почит кон починатите 63 Ангели кои пред една година настанаа во трагедијата што беше предизвикана во дискотеката „Пулс“.
Се замолуваат капитените во корелација со деланките на натпреварите да ја спроведат оваа Одлука.
ОФС Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
