ВО ЧЕСТ И СПОМЕН НА ТРАГИЧНО ПОЧИНАТИТЕ СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ, КПС „ОСОГОВОСКИ ОРЕЛ“ – КОЧАНИ ЗАСАДИ 300 БАГРЕМИ

март 14, 2026
1 минути

На 16 Март се навршува една година од трагичната загуба на нашите драги членови Ѓорѓи и Диме. Нивната љубов кон планината, природата и другарството засекогаш ќе остане дел од нашиот клуб и од сите нас што ги познававме.

Во нивна чест и спомен, денес беа посадени 300 багреми – како симбол на животот, сеќавањето и корените што тие ги оставија зад себе.

Секое дрво нека биде потсетник на нивната добрина, насмевка и чекорите што заедно ги направивме по планинските патеки. Нека шумоли ветерот низ овие дрвја како тивок поздрав до нив, а планината нека ги чува нивните спомени.

Никогаш нема да бидете заборавени.

Почивајте во мир.

КПС „Осоговски орел“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ