Екипи од повредените во пожарот одиграа кошаркарски натпревар во чест и во сеќавање на шеесет и тројцата млади што загинаа пред една година во „Пулс“.

Преживеаните во пожарот низ кошаркарската игра покажаа подготвеност да продолжат со процесот на рехабилитација.

На настанот присуствуваше министерот за здравство Азир Алиу кој нагласи дека државата останува посветена на поддршката на повредените, информирајќи дека е објавена и првата Национална стратегија за справување со масовни жртви, со цел институциите да бидат подготвени за брзо и координирано дејствување во иднина.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
