ПОД ИТНО ДА СЕ ОТКРИЈАТ ВАНДАЛИТЕ

април 12, 2026
0 минути

„Ноќните птици“ дали под дејство на алкохол или под дејтсво на некакви дроги оштетиле неколку клупи на левиот кеј од Кочанска река и тоа во Централнотѕо градско подрачје.

Која е причината и кој е сторителот никој засега не знае, но доколку градскиот ѕаѕко се потруди лесно може да ги пронајде и да си ја добијат казната.

Спроти оштетените клупи има објекти кои со сигурност имаат надзорни камери и вреди да се направи обид за да се пронајде сторителот или сторителите.

Ако и овој пат не се снимени овие вандали значи време е со поставување на надзорни камери по градот за кое нешто пишуваме со години.

Во Кочани градоначалниците се менуваат како на филмска лента но никој досега не се обидел на цивилизиран начин да го спасува градот од „ноќните прици“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ