ЌЕ ИМА ЛИ КОЧАНИ ВОНРЕДНИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ?

мај 10, 2026
1 минути

До порталот www.komarec.com.mk допис испрати наш сограѓанин, наш читател во кое тој го изкажува личното негово незадоволство од пола година нова постава во Кочани. Во писмото се вели:

„По сето она што се случува изминатите два месеци во Кочани ние со право се прашуваме дали во Кочани ќе има вонредни локални избори. Не е грешка за локални се мисли иако тие завршија пред околу пола година, но по некои наши месни комитети отворено се збори за тоа особено по несогалсувањето на градоначалнико и претседатело на советот. Нивната кавга трае подолго, започнала по некој објавен клип од страна на претседатело на советот но брзо бил избришан кој јас го немам видено и не знам за што се работе само може да погаѓам.  Се збори дека градоначалнико ќе замине од оправдани причининна подолг период и дека ќе поднесе оставка а дека претседатело на советот ќе го заменил неколку месеци а после тоа ќе бидат распишани вонредни локални избори. Сите вие како медиуми мора  тоа да го истражете. Но да се вратам на кавгата меѓу градоначалнико и претседатело таа до сега најголема била на последната седница на совето кога на дневен ред имало точка за разрешување на директоро на Водовод но градоначалнико тражил да се повлече по што избувнала кавга. Била дадена пауза за да се смират двајцата во една од собите во мулти културниот центар но таму се замешал и еден независен советник кој од како не бил вработен во две организација сакал да биде вработен во локалната а откако и таму не бил вработен се скарал на висок тон со градоначалнико но еден од ветераните на нашата партија ја спречил ескалацијата. За имињата ќе почекате за нив друг пат за да видам додека ке одат со лошото однесување. Инаку се слуша меѓу нас дека во едно шалтерската канцеларија требало да се вработе снаата на директоро на Водовод.  Друг слушаме дека се мести за директор на болницата. Во еден од комитетите јавно се кажа дека не се слагаме да има директор на болницата што не бил со нас за време на изборите  оти и ние имам способни луге за таа функција. Ај да се само тие вработувања, градоначалнико вработува само од други партии. Те на пример на еден инспектор кој се понаша дека е секретар во општинатасега ја запослија жена му во општината оти тој се е до градоначалнико за да не го некој нападне. Овие сега шо се карат не поделија не знаеме кој е во право кој не, затоа мислам дека ако продолжат вака ќе им се врати 2017 година кога зајнат гласавме за кандидатот од сдсм. Инаку гледам дека не истражувате многу а ми кажаа дека и на совет не одите па затоа јас ќе ви наскотро дадам информации во писмена форма за тоа како на туѓо име се земани  два нови компјутера, два водомата и една канцеларја  ама до тогаш стрпете се за да соберам уште малку податоци. Верувам дека овоа писмо ќе го објавите и дека луѓето барем ќе видат кој го воде градот и дека го воде. Фала на просторот“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ