Women in Tech Macedonia во соработка со Општина Кочани, преку проект кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, организира серија обуки за зајакнување и личен развој на девојки и жени на возраст од 22 до 55 години.
„AI4HerWellbeing“ е обука со вкупно времетраење од четири часа, насочена кон зајакнување и личен развој, преку комбинирани пристапи од гешталт и арт-терапија со практична примена на вештачката интелигенција.
Целта е учесничките да стекнат нови вештини и алатки кои можат да ги користат во секојдневниот живот и работа, во насока на подобра благосостојба и појасен фокус.
Обуката во Кочани ќе се одржи на 21 мај 2026, од 14 до 18 ч, а точната локација дополнително ќе се определи.
Обуките ќе ги држат м-р Цветанка Штерјова Бурзевска, лиценциран психолог, Еагт гешталт-психотерапевт, арт-терапевт и м-р Моника Ризовска Таневска – претседателка на Women in Tech Macedonia, основач на AI Collective Скопје, говорник и тренер за AI модернизација.
Формулар за пријава за учество во обуката е на линкот: https://forms.gle/QtRXnG2xbWHbJpXn6

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
