СТАНАРИТЕ БАРААТ ПРОБЛЕМОТ СО УКРАДЕНАТА ШАХТА ШТО ПОБРГУ ДА СЕ РЕШИ

мај 14, 2026
0 минути

Станарите од зградите што го користат паркинг просторот позади зградата на некогашниот „Комитет“ бараат проблемот со украдената шахта да се реши што побргу.

Како што наведуваат повеќе од десетина дена е украдена шахтата која е вистинска опасност особено во ноќните часови и за возилата што треба да се паркираат а и за станарите кои минуваат по овој простор.

Неколкупати се јавувале до надлежните но засега без одговор, затоа и  се решија на ваков начин да ги потсетат надлежните дека е потребно овој проблем да се реши час побргу.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ