КОЧАНСКА ЦРНА ХРОНИКА ОД 19.05.2026 ГОДИНА

мај 19, 2026
1 минути

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Д.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и  пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.08.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило и претрес во домот и помошна просторија на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

ОВР Кочани поднесе известување против 16-годишник од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.03.2026 во с.Оризари, кочанско, по претходна расправија, пријавениот со пиштол упатил заканил на М.Д.(18) од с.Оризари.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.Ј.(27) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 26.04.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Г.С.(52) од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.02.2026 на место викано „Црвена нива“, атар на с.Бели, кочанско, пријавениот агресивно се однесувал кон С.К.(79) затоа што ги набркал неговите домашни животни кои се напасувале на негов имот, а потоа на 11.02.2026 телефонски упатил закани на Т.К.(53), син на С.К..

Дневен извештај на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ