ЕКИПАТА НА „КОЖУФ“ СЕ НАВИКНА НА ПОБЕДИ ВО КОЧАНИ

Во Спорт
мај 30, 2026
1 минути

Кочани денес беше домаќин на бараж натпреварот од Втората лиха во кој се сретнаа екипите на „Кожуф“ од Гевгелија и „Борев“ од Велес. „Кожуф“ славеше сп 4:0 (2:0) и го задржа второлигашкиот статус.

Почетокот на натпреварот кој се одигра по сончево време не ветуваше некоја посебна игра од страна на двете екипи, но како времето одминуваше играчите на тренерот Иван Варадиновски ја презедоа играта во своите раце и беа екипа која со своето искуство покажа дека е дојдена во Кочани да победи и да го сочува второлигашкиот статус. За разлика од нив, играчите на „Борец“ играа во границите на своите можности но неискуството на крајот им предуди.

Головите за „Кожуф“ ги постигнаа: Ристе Лембовски во 18’,  Филип Тодоровски 45’, Петар Гугуљанов 55’ и Дарко стојанов 72’.

Кочани и стадионот „Никола Мантов“ и денес им се посречија на играчите на „Кожуф“ кои пред речиси месец дена на овој ист терен во рамките на 27-ѕо коло во Втората Фудбалска Лига го совладаа „Осогово“ со 1:0 (1:0).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ