ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ПАДНАТА ГРАНКА НИЗ КОЈА МИНУВААТ ЖИЦИ

јуни 2, 2026
0 минути

Загрижени граѓани реагираат и веднаш ќе кажеме со право за негрижата на институциите околу настанатиот проблем.

Имено од минатиот четврток кога беше невремето во Кочани проследено со силен ветар една од гранките од дрвјата на улицата „Димитар Влахов“ пред блокот „А“ се има скршено и еве така веќе шести ден стои.

Иако имало јавувања во ЕВН од таму нема до сега никаква реакција, но зачудува и недомаќинскиот однос на дел од вработените во Локалната самоуправа кои имаат задача да ги контролираат улиците и да ги нотираат сите недостатоци.

Иако некој ќе рече дека мал е проблемот и дека граѓаните што реагираат можат да ја тргнат гранката, не е така.  Низ крошната на дрвото поминуваат повеќе жици и граѓаните кои не информираа за проблемот се стравуваат да нема некоја жица под висок напон па да се случи некоја несакана последица.

Како што напомнуваат од едно невнимание ни се случи трагедија пред повеќе од година дена, кој ќе биде виновен ако не дај Боже нешто слично случи, дали и тогаш ќе има нагаѓање чија била обврската и кој потфрлил во професионалното однесување.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ