КОЧАНСКА ЦРНА ХРОНИЈА

мај 26, 2023
0 минути

КОЧАНСКА  ЦРНА  ХРОНИЈА

На 26.05.2023 во 00.20 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ја привеле К.С.(52) од Кочани, затоа што на ул.„Раде Кратовче“ во Кочани, агресивно се однесувала кон полициските службеници при преземање службени дејствија. По комплетирање на случајот против К.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.05.2023 во 10.30 часот во ОВР Кочани, било пријавено дека во 09.51 часот настанал пожар на куќа на ул. „Поп Арсов Блаже“ во Кочани, сопственост на Л.В.(46) од Кочани. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната против пожарна единица Кочани. Во пожарот повредени лица нема, а изгорела кровната конструкција и покуќнина во куќата. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

Соопштенија од СВР Штип