Првата фаза од третирањето на комарците е завршена. После туширањето со еколошка течност комарците се спремни за нова агресивност. Но како и да е, тој дел е завршен, на ред е сега згрижувањето на кучињата бездомници.
За побезбеден град треба да се најде чаре овие бездомни кучиња да бидат конечно згрижени, бидејќи се поголем е бројот на жителите на Кочани кои секојдневно алармираа за се поголема агресивност на бездомните кучиња. Ги има насекаде по градот и на неговата периферија, а како што истакнуваат нашите сограѓани најчесто се во чопор и нападите се сé позачестени а освен возрасните неретко цел на нападите се и дечињата.
Ако сакаме побезбеден град како што се ветуваше за време на кампањите треба да се потенцира и овој проблем. Изјавите дека е невозможно тоа да се направи, „вода не носат“.
За потсетување само, пред две децении тогашниот Градоначалник на Општина Кочани Љубомир Јанев го реши овој проблем. Беа изградени боксови, се вработија лица кои се грижеа за веќе вдомените кучиња, а и дел од храната која остануваше во кујните или во угостителските објекти, се собираше, се подигаше од лице место и се носеше како храна на кучињата.
Ветување си е ветување, затоа и жителите се во исчекување кога надлежните ќе се решат на ваков потег. Ако има вработувања на партиски членови мора да има вработувања и на лица кои ќе се грижат за вдомените кучиња.
Време е да почне да се остваруваат ветувањата.
Секое одолговлекување може да доведе до несакани последици. Да се надеваме дека надлежните ќе го положат и овој испит.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
