В недела, 28 јуни 2026 година, од 8 ч., Општина Кочани во соработка со Карате клубот „Партизан“ од Кочани, ќе ја реализира активноста „Пешачењето е здравје“.
Членови на КК „Партизан“ и на други спортски и рекреативни здруженија и рекреативци ќе пешачат од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, каде каратисти ќе имаат презентација на карате вештини и ќе ги претстават идните клупски активности.
„Пешачењето е здравје“, иницирано и поддржано од Општина Кочани има за цел да ја поттикнува физичката активност како фактор за добро здравје, да го промовира спортот и да ја јакне соработката со граѓанскиот сектор.
Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2026 г.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
