Ознака: пешачење
„ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ“ – КК „ПАРИЗАН“ СО ПРОМОЦИЈА НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ И НА КАРАТЕ ВЕШТИНИТЕ
Во организација на Општина Кочани и Карате клубот „Партизан“, под мотото „Пешачењето е здравје“, утрово беше реализирана рекреативна прошетка од Градскиот плоштад до Гоцева Шума. Во прошетката се вклучија граѓани на различна возраст, поддржувачи на здравиот живот и рекреативци, членови на граѓански организации. На љубителите на пешачењето им се придружи и градоначалникот Владко Грозданов….
НА 28. ЈУНИ – ОРГАНИЗИРАНО ПЕШАЧЕЊЕ ДО „ГОЦЕВА ШУМА“
В недела, 28 јуни 2026 година, од 8 ч., Општина Кочани во соработка со Карате клубот „Партизан“ од Кочани, ќе ја реализира активноста „Пешачењето е здравје“. Членови на КК „Партизан“ и на други спортски и рекреативни здруженија и рекреативци ќе пешачат од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, каде каратисти ќе имаат презентација на карате вештини…
САБОТА, 7. ЈУНИ – „ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ“
В сабота, на 7 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани организира пешачење низ падините на Осоговските Планини. Стартот на пешачењето е во 8 ч. од СРЦ „Бавчалук“, а ќе се оди преку Црвена Нива и Лешки до браната Гратче. Движењето ќе биде во група што ќе ја…
ПЕШАЧЕЊЕ ДО ВРВОТ „ПАНАЃУР“ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ
Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква. Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници,…
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЦЈЕ – ПЛАНИНАРСКА ТУРА ДО ПАНАЃУР
В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје. Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на…
