Наш читател од Оризари до порталот www.komarec.com.mk ни испрати текст со следната содржина“
„Во овие екстремно топли денови, кога постојано се апелира за совесно и одговорно користење на водата, во населба Оризари, кај старото игралиште, сме сведоци на непотребно истекување на големо количество вода од јавната фонтана.
Никој не бара фонтаната да биде исклучена. Напротив, таа е неопходна за разладување и за гасење на жедта на граѓаните. Но, потребно е да се регулира млазот, кој во моментов достигнува повеќе од 80 сантиметри, поради што пристапот до фонтаната е отежнат, а воедно се троши и огромно количество вода без потреба.
Жално е што сите сме сведоци на ова секојдневно расфрлање на вода, а речиси никој не го пријавува проблемот, или, пак, надлежните сè уште немаат слух да го регулираат.
Да бидеме одговорни кон природните ресурси и да реагираме кога ќе забележиме вакви ситуации. Со едноставно прилагодување на млазот, фонтаната ќе продолжи да ја исполнува својата намена, без непотребно трошење на вода.“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
