ВИСОКА ШВАЈЦАРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

мај 12, 2022
1 минути

Во текот на вчерашниот ден, висока Швајцарска делегација беше во посета на Општина Кочани, меѓу кои високи претставници на SDC и SECO во Берн, потоа Françoise Salamé, проектниот менаџер за Северна Македонија во SECO, Cliff Hammer, регионалниот советник и Станислава Додева, национален програмски советник во Швајцарската канцеларија за соработка.

Најпрвин беше остварена посета на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци, чијшто проект е финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Тамошната посета беше проследена со презентација за работата и придобивките од функционирањето на станицата, презентирана од страна на вработените, а свое обраќање имаше и директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов.

Во склоп на вчерашната работна посета, високата Швајцарска делегација во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани оствари средба и со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, којшто пред присутните ја претстави општината и ја истакна поддршката што ја дава Швајцарската агенција на општината и регионот.

Притоа беше претставена и Програмата за зачувување на природата, заедно со проекција на видео за заштитеното подрачје Осоговски Планини, во присуство и разговор со претставници на телото за управување на заштитеното подрачје ЈП „Национални шуми“ и претставници на пчеларите од здружението „Меден исток“.

Општина  Кочани