МЛАДИТЕ ОД ОО НА СДММ КОЧАНИ НА СРЕДБА СО НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДММ МАРКО МИХАИЛОСКИ

октомври 23, 2021
1 минути

Денеска, во Градскиот парк, Локалниот клуб на Социјалдемократската младина при ОО на СДСМ Кочани организираше младинска средба со актуелниот кандидат за градоначалник, Николчо Илијев и претседателот на СДММ Марко Михаилоски.

Се разговараше за сите завршени и идни проекти во општината кои директно влијаат на вклучување на младите од Кочани во општествениот живот, кои директно го поттикнуваат младинскиот актизам.

На средбата збор зеде и Претсесателот на СДММ Михаиловски и носителот на советничката листа д-р Томе Солевски, поздравувајќи ја работата на локалната самоуправа досега и поздравувајќи ја посветеноста на сегашниот градоначалник Илијев во креирањето и реализирањето на услови за младински политики.

Градоначалникот ги презентирараше сработените проекти, но и ги најави новите, кои се дел од изборната програма. Младинската средба на Социјалдемократската младина е во рамки на караванот „Најдоброто за младите“ на СДСМ.

ОО на  СДСМ  –  Кочани