СЕ ТРАГА ПО ИЗГУБЕНИОТ ЛОВЏИЈА НА ПЛАЧКОВИЦА

септември 11, 2022
0 минути

Стигната е дојава за изгубен ловџија на планината Плачковица.

По добивањето на дојавата а на повик на Градоначалникот на Општина Зрновци. Борчо Коцев во потрага е вклучено и  ДПСС (Доброволната планинска спасувачка служба) „Осогово“ од Кочани.

Се пребарува секој дел од теренот а на места каде теренот е недостапен се користат специјални инструменти како би се лоцирал и спасил изгубениот ловец.

Според информациите до кои што дојдовме, изчезнувањето на ловџијата го пријавиле блиски на неговото семејство уште во Петокот претпладне, а информацијата кај Градоначалникот на Општина Зрновци пристигнала  истиот ден на пладне по што е организирана потрага.

С. Ивановски