На почетокот на следниот месец треба да започне уредувањето на просторот пред зградата на некогашниот Воен отсек и УЈП. Подигнатиот тротоар од корените на старите дрва, и нерамнините пред зградата создава проблеми на минувачите особено во вечерните часови.
Во разговор со надлежните во општината дознаваме дека стариот и оштетен слој на тротоарот пред зградата ќе биде отстранет, ќе се отстранат и подигнатите корени а на тоа место ќе бидат поставени бекатон плочи.
Исто така три од извадените канделабри што беа на левиот кеј на реката кај „Паркот на Револуцијата“ ќе бидат поставени за да го осветлуваат тротоарот а од спротивната страна на улицата ќе бидат додатно поставени уште преостанатите четири канделабри, така да до крајот на месец Ноември ветено е дека овој простор ќе добие поинаков, модерен изглед.
С. Ивановски