НА 10 ДЕКЕМВРИ – ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

декември 1, 2021
1 минути

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа и Законот за буџет, Општина Кочани организира јавна расправа по програмите и нацрт-буџетот за 2022 година.

Граѓаните ќе можат да расправаат и да даваат предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко (урбано и рурално) планирање и уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локален економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; образование; здравствена заштита; противпожарна заштита и други работи определени со закон.

Јавната расправа ќе се одржи на 10 декември 2021 година, во 18 ч. во салата на Мултикултурниот центар.

Со оглед на актуелната здравствена состојба предизвикана од пандемијата, настанот ќе се реализира според протоколите за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.

Општина  Кочани