ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ – БУЏЕТ ЗА 2023 ГОДИНА

декември 1, 2022
1 минути

Отворени денови за предлози и идеи од граѓаните за следниот општински буџет

Во пресрет на оформувањето на Буџетот за 2023 година, на 3 и 4 декември Општина Кочани организира Отворени денови за средби со граѓаните, на кои тие ќе може да предложат идеи и проекти за следната буџетска година.

Воедно, граѓаните ќе имаат можност да се информираат за плановите и проектите кои веќе се испланирани за наредната календарска година.

Освен лично, граѓаните ќе можат своите предлог-идеи да ги достават и преку веб-страницата budzet.mk.

Отворените денови ќе се реализираат во салата за состаноци во зградата на Општина Кочани, како овој, така и наредниот викенд, на 10 и 11 декември, во периодот од 11 до 14 ч.