ПРЕД „БАСКЕТ ДИНО“ ПАДНА И „РАБОТНИЧКИ“

ноември 15, 2021
1 min read

Кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани продолжуваат со добрите настапи.

За време на викендот во натпреварите од М-18 Кошаркарската лига тие го совладаа „Работнички“ со 92:79 (18:12; 27:18; 18:30; 29:19). Во првите две четвртини кочанчани остварија убедливо водство од 15 поени разлика, но во третиот квартал гостите со една мошне прецизна игра успеаја да намалат на достижни три поени. Сепак во последниот дел од натпреварот кошаркарите на „Баскет Дино“ се вратија на играта од почетокот на натпреварот и на крајот заслужено славеа со 13 кошеви разлика. Кошевите за кочанчани ги постигнаа? Лазарев 30, Ѕмбов 20, Томевски 19, Крстов 17, Ивановски 4, Богданов 2.

За време на викендот кошаркарите на „Баскет Дино“ го одигра и натпреварот од 5-тото  во Трета Кошаркарска Лига. Загубија на гостувањето во Скопје  од домаќинот „Спарта“ со резултат 79:88 (14:20; 20:21; 24:23; 21:24). Од резултатот по четвртини се гледа дека се водела доста интересна и неизвесна борба во која сепак домаќините биле за нијанса подобри и славеле на крајот со девет поени разлика. Кошевите за „Бскет Дино“ ги постигнаа: Лазарев 30, Илијев 21, Крушарев 12, Ѕмбов 7, Ивановски 6, Томевски 2, Богданов 1.

С. Ивановски