АКТИВНОСТИТЕ НА КОЧАНСКОТО ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО – ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ

јули 18, 2023
0 минути

Општина Кочани упатува благодарност и ги поздравува активностите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, коишто се насочени кон превенирање на последиците од високите температури и топлотниот бран.

Доброволците од кочанското противпожарно друштво викендов организираа полевање на дрворедите и на младите садници во парковите во Кочани. За жителите на селото Пантелеј што останаа без вода за пиење, обезбедија две цистерни вода. Со цел да едуцираат, доброволците дистрибуираа летоци и брошури за намалување на опасностите од пожари и внимателно и претпазливо однесување со оган.

Ваквите активности наидуваат на поддршка од граѓаните, што влијае позитивно на мотивацијата во ДПД, помага за регрутирање нови членови и ја јакне соработката со заедницата.

ДПД коешто е формирано по летната огнена стихија во Кочани во 2021 година, брзо обезбеди опрема, материјални и човечки ресурси и останува неуморно во промоцијата на безбедноста и хуманите вредности кон граѓаните на Кочани и на соседните општини.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ