АМБАСАДОРКАТА НА ГРЦИЈА СОФИЈА ФИЛИПИДОУ ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

февруари 13, 2026
1 минути

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ја прими во официјална посета делегацијата од Амбасадата на Грција во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорката Софија Филипидоу и заменик-амбасадорката Христина Василату.

На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на последиците од трагичниот настан во „Пулс“. Амбасадорката Филипидоу го информираше градоначалникот за досегашната поддршка од Грција на Кочани по трагедијата, како и за активностите поврзани со психолошко-социјалната поддршка на ранливите групи погодени од несреќата.

Во рамките на посетата, со познати уметници од Грција денеска се одржуваат арт-работилници во просториите на ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани, како дел од активностите насочени кон поддршка, заздравување и културна размена.

Градоначалникот Грозданов изрази благодарност за солидарноста и континуираната поддршка од Република Грција, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во процесот на закрепнување на локалната заедница.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ